Македонија 23. јуни 2018. / 19:44

Полицијата се спрема да го гази народот: Четири колони борбени возила се упатија кон Собранието (ФОТО)

Полицијата се спрема да го гази народот: Четири колони борбени возила се упатија кон Собранието (ФОТО)

Оклопни транспортери, водени топови, борни коли и возила попладнево се упатија кон Собранието на Р.Македонија каде за вечерва во 20.00 часот е најавен протест на младинските организации, заедно со навивачката група „Комити“.

Четири колони со по десетина возила го блокираа бул.Партизанска, со вкучени сирени, движејќи се кон Собранието на Р.Македонија.

За вечерва се очекува масовен протест против договорот со Грција кој го потпиша Зоран Заев и Никола Димитров.