Македонија 16. July 2018. / 23:00

Полицијата не ги пушти демонстрантите пред МВР, тие порачаа дека не прават проблеми, туку бараат правда

Протестот на навивачката група „Комити“ за смртта на нивниот член, Никола Саздовски, продолжи кон Министерството за внатрешни работи.

Демонстрантите кои беа спречени од полицијата да се приближат до зградата на Министерството, порачаа дека не се дојдени да прават проблеми и бараат институциите да си ја завршат работата.

„Ако не ја завршат тие, ние ќе ја завршиме“, велат демонстрантите и извикуваат „Правда за Саздо“.

МАКЕДОНИЈА(Видео) Полицијата не ги пушти демонстрантите пред МВР, тие порачаа дека не прават проблеми, туку бараат правдаОбјавено пред 41 минута – 16 јули, 2018Од Mak Fax

Протестот на навивачката група „Комити“ за смртта на нивниот член, Никола Саздовски, продолжи кон Министерството за внатрешни работи.

Демонстрантите кои беа спречени од полицијата да се приближат до зградата на Министерството, порачаа дека не се дојдени да прават проблеми и бараат институциите да си ја завршат работата.

„Ако не ја завршат тие, ние ќе ја завршиме“, велат демонстрантите и извикуваат „Правда за Саздо“.

Претходно демонстрантите застанаа на мостот пред Јавното Обвинителство, од каде порачаа дека виновниците треба да одговараат пред законите на државата и запалија свеќи во помен на Саздовски.

Саздовски им подлегна на повредите, по деветдневна кома предизвикана од физички напад врз него од страна на три лица.