Македонија 14. февруари 2021. / 10:19

Подготвени фрижидерите за чување вакцините од „Фајзер“

Подготвени фрижидерите за чување вакцините од „Фајзер“

Министерот за здравство Венко Филипче објави фотографии од фрижидерите каде што ќе се чуваат вакцините.

– Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер се подготвени. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, напиша Филипче.

Денеска на граничниот премин Табановце Заев ги прими вакцините од „Фајзер“ од српскиот претседател Вучиќ. Станува збор за 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.