Македонија 12. јуни 2020. / 11:26

По примерот на Трамп: Ќе можат ли граѓаните да го тужат Заев ако се заразат на изборите?

По примерот на Трамп: Ќе можат ли граѓаните да го тужат Заев ако се заразат на изборите?

Прифаќам дека постои ризик од заразување со Ковид-19 на секое јавно место на кое ќе присуствуваат луѓе. Со учеството на овој митинг јас и сите останати присутни ги прифаќаме сите ризици од заразување и се согласуваме дека нема да поведуваме дела против Доналд Трамп, организаторите на настанот и нивните партнери.

Ова е содржината на документот, што ќе треба да го потпишат сите оние кои ќе сакаат наредната недела да присуствуваат на митинг на американскиот претседател Доналд Трамп во Телса во државата Тексас, јавуваат светските медиуми.

Првично беше планирано митингот да се одржи во јули како дел од предизборната кампања на американскиот претседател, но е поместен заради попуштањето на карантинските мерки.

Ваквата мерка на претпазливост на Доналд Трамп може да се преслика и кај нас, но во друг контекст. Дали во трката за брзи корона избори на власта и преголемата опасност од зараза со корона вирусот може да и падне на ум вакво нешто? Граѓаните кои ќе излезат на изборите да потпишуваат ваква изјава дека нема да покренуваат судски постапки против власта и администрацијата. Нешто слично како што сега се потпишуваат изјави при излезот од државата дека ако на македонски државјанин му се случат непосакувани работи при патувањето, тој нема да бара помош од државата.

А, дилемата може да се постави и обратно. Дали на граѓаните, не дај боже, ако им се случи да бидат заразени за време на изборите ќе имаат право да ги тужат организаторите на изборите или политичките експоненти, кои не убедуваат во новата (не)нормалност?

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција беше дециден дека ако сите, и организаторите и граѓаните, ги почитуваат протоколите, тогаш не може да дојде до нови заболувања. Ако е толку сигурен, тогаш нека ја остави и легитимира можноста граѓаните да можат да ги тужат организаторите на изборите, а пред се претставниците на власта и во прв ред лидерот на опозицијата Зоран Заев, кои инсистираат на брзи корона избори.