Клиенталистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската комисија. Владата на СДСМ навести крај на праксите на партизација на сите институции кои доведоа до опаѓање на квалитетот на живот, иселување на младите и колапс на економијата.
Советничкиот кабинет на премиерот Зоран Заев содржи видни професионалици, но и мноштво лица чиј што професионален бекграунд отвори прашања за непочитување на начелата на системот на заслуги.
Партнерите НОВАТВ и ИРЛ Македонија во своето второ продолжение откриваат нови примери на клиентализам, конфликт на интерес и личен опортунизам во именувањето соработници на премиерот.
Стефани Арсовска му станува советник на премиерот со авторски договор за „Поддршка на процесот за поголемо искористување на ЕУ фондовите во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство, во потесна соработка со посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство“.
Филип Андов наречен Сокол им е познат на многумина во Скопје од вечерните излегувања и дневните кафе-пиења по скопските кафулиња. Ангажманот на Андов, за којшто добиваа месечен хонорар од 30,000 денари, во владиниот одговор е опишан со следниве зборови: креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните од Град Скопје.
Повеќе ќе прочитате ТУКА.