Македонија 25. мај 2019. / 18:58

Пендаровски: Се надевам дека Турција наскоро ќе го ратификува протоколот за НАТО

Пендаровски: Се надевам дека Турција наскоро ќе го ратификува протоколот за НАТО

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што беше констатирано дека тие се пријателски, со интензивни контакти на највисоко ниво.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите во двете земји, како и за актуелните состојби во регионот.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од континуираната поддршка од Турција за евроатлантските аспирации на Македонија. Претседателот изрази очекување дека Турција, како стратешки партнер на Македонија, наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјата во НАТО.

Претседателот Пендаровски истакна дека членството на Македонија во НАТО позитивно ќе влијае за дополнителна стабилизација на регионот, како и во севкупната внатрешна општествено-политичка состојба во државата.