Не треба веќе власта за секој проблем да ја префрла вината на ВМРО. Бидејќи за се што се случува моментално во државата сепак одговорноста ја сноси власта бидејќи таа го има легимитетот кој и е даден од страна на народот. Додека ВМРО е опозиција која е тука да ја критикува работата на самата власт, изјави Тодор Пендаров во вчерашната дебатна емисија „24 Анализа“.
– Сега одиме ВМРО е криво, ВМРО е криво. Што направи Груевски? Мислам дајте луѓе божји ова сега ти си на власт, сега ти си крив за било што. Ако мене денеска нешто ме боли ти си крив бе брат, ти си на власт. – посочи Пендаров.