Македонија 09. март 2019. / 14:33

Палмер: Русија се обидува да го наруши договорот меѓу Грција и Северна Македонија

Палмер: Русија се обидува да го наруши договорот меѓу Грција и Северна Македонија

Вашингтон и Брисел подготвуваат стратегија за соочување со Русија на Балканот најави американскиот заменик-државен секретар за Европа и евроазија, Метју Палмер, објави Блумберг.

Според Палмер, САД се заинтересирани за одржување на стабилноста во регионот, додека Русија само сака „да донесе хаос“.

Палмер смета дека Русија упорно се обидува да го наруши договорот неодамна постигнат меѓу Грција и Северна Македонија, како и да ги „уништи“ Србите во Босна и Херцеговина.