Македонија 04. декември 2018. / 18:55

Палмер: Македонија може да стане членка на НАТО до пролет 2020 година

Палмер: Македонија може да стане членка на НАТО до пролет 2020 година

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Македонија може да стане рамноправна членка на НАТО сојузот на пролет 2020 година. Услов за тоа е целосна примена на Договорот со Грција.

За 18 месеци од сега, тоа е реално време за зачленување на Македонија-изјави Палмер.

Тој, меѓутоа, искажа загриженост заради руското влијание на Западен Балкан, вклучувајќи го обидот за подривање на одлуката на Македонија за зачленување во НАТО.

Москва гледа интерес во регионот и продуцира немир, нервоза и недовераба. Таа промовира цели на Блканот кои се во спротивност на интересите на САД-рече Палмер.