Македонија 11. март 2019. / 23:36

Откако „Лидер“ го фати, Заев се извини за навредата кон Евреите

Откако „Лидер“ го фати, Заев се извини за навредата кон Евреите

Откако „Лидер“ објави видео со скандалозната изјава, премиерот Зоран Заев на Фејсбук се извини за тоа што рече дека Холокаустот е еврејска традиција.

Заев тврди дека наместо зборот „трагедија“, ненамерно го кажал зборот „традиција“.

–  Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“. Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување.  – напиша Заев.

„Лидер“ исто така ја фати Владата дека, тој скандалозен дел од изјавата го избриша од официјалното видео. Заев рече дека тоа го направиле за да не повредат нечии чувства.

– Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повреди ничии чувства. – објасни премиерот.

Инаку еве го видеото кое го објавивме претходно со целосната скандалозна изјава на премиерот: