Премиерот Зоран Заев сака да ги назначи градоначалниците на Центар и Карпош, Саша Богдановиќ и Стефан Богоев за потпретседатели на владејачката СДСМ – дознава Лидер од неофицијални извори во партијата.
Како што брифира нашиот извор, се планира двајцата градоначалници да бидат стожерот на новото водство на СДСМ, по најавената метла, затоа што во општините кои ги водат СДСМ имаше одличен резултат на изборите.
Во исто време, тие се помеѓу ретките градоначалници од владејачката партија кои ја вршат работата во општинската власт на задоволително ниво.
Богдановиќ и Богоев имаат огромно партиско искуство, двајцата потекнуваат од подмладокот на СДСМ. Нивното назначување на ваква висока позиција во партијата, би значело дека СДСМ се враќа кон кадрите кои самата партија ги произвела и ќе намали со прибирање луѓе од надвор.