Македонија 08. јуни 2019. / 17:51

Османи ја чека средбата со Меркел за да ја коментира оставката на Заев

Османи ја чека средбата со Меркел за да ја коментира оставката на Заев

Датумот за преговори е сигурен, прашање е само дали ќе го добиеме летово или пак на есен. Големите очекувања носат и големи разочарувања и фрустрации, изјави вицепремиерот Бујар Османи.

За најавената оставка на премиерот Заев доколку летово останеме без датум, Османи вели дека ќе ја чека средбата со Меркел пред да коментира.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати изјави дека ќе го врати мандатот ако Македонија ова лето не добие датум за преговори.