Македонија 17. јуни 2018. / 14:38

Околу 20 илјади граѓани во Битола се собраа против промена на името (ВИДЕО)

Околу 20 илјади граѓани во Битола се собраа против промена на името (ВИДЕО)

Околу 20 илјади граѓани се собраа денеска во Битола на маршот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ против промена на уставното име на Република Македонија.

Огромен број симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓани кои силно се противат на политиките на актиелната власт му се приклучија на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во протестниот марш во Битола по потпишувањето на капитулантскиот договор со Грција од пред неколку часа.

Маршот го предводи претседателот на партијата, Христјан Мицкоски.