Македонија 28. септември 2019. / 17:55

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид им го честита меѓународниот ден на Бошњаците

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид им го честита меѓународниот ден на Бошњаците

По повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатуваат честитки до граѓаните припадници на бошњачката заедница.

Празнувањето на денот на вториот бошњачки собор претставува симбол на обединетоста и сплотеноста на бошњачкиот народ, но и симбол на нашата традиција за разбирање, толеранција и почитување на различностите. Бошњачката заедница, традиција и култура се нераскинлив дел од нашата татковина и заеднички треба да работиме за подобра и посветла иднина, да ја градиме обновата на Република Македонија. Денешниот ден нека помине во празнично расположение со желби за здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства – се вели во честитката од ОК ВMРО-ДПМНЕ Охрид.