Македонија 15. ноември 2019. / 10:54

Од денес ако не носите зимска опрема еве колку ќе треба да платите казна

Од денес ако не носите зимска опрема еве колку ќе треба да платите казна

Од денес 15 март 2019 година почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата на територијата на напата земја а таа обврска ќе важи во наредните четири месеци односно до 15 март 2020…

Според нашите прописи секое патничко возило кое учествува во сообраќајот на пат надвор од населено место мора да има зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 милиметри, или пневматици со летен профил ако возилото во приборот има синџири за снег за погонските тркала или други соодветни помагала.

За возилата со 4×4 погон зимските пневматици мора да бидат со длабочина на шарата од 6 mm а пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од 8 мм.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

Законски, како зимски пневматици се сметаат оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака MS, M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва, додека пневматици со клинци се забранети.

Казната за немање зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност , а во мандната постапкаќему се регистрираат 25 казнени бода, а ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно возење полицијата може да го исклучи возилото од сообраќај.