Македонија 09. февруари 2020. / 20:32

Заев во недела вечер на шверцерски начин турка закон за обвинителство за да се спаси од одговорност

Заев во недела вечер на шверцерски начин турка закон за обвинителство за да се спаси од одговорност

Во недела навечер во 22 часот Заев и Спасовски на вонредна владина седница туркаат закон за Јавно обвинителство што е спас од одговорност за скандалите за кои нема разрешница, а за кои се плаши дека при смена на власта ќе одговора.

За потсетување, овој закон за Заев предвидува продолжување на урнисаното СЈО во рамките на Основното јавно обвинителство, противуставно се става над законот за кривична постапка.

На ваквата седница претходеше информацијата дека Заев вршел притисок врз пратеници како што правеше при смена на Уставот за да му го прифатат законот за Јавно обвинителство.

Ваквата нетранспарентна постапка отвора сомнежи зошто на Заев толку му се брза.