Италијанскиот новинр на „Ла верита”, Ларис Гајзер најави нов дел за криминалот на власта.
Тој кажа дека ова е само првиот дел од неговата приказна која докажува колку Европската Унија, по поддршката за смена на режимот во Македонија, со ограничување на нејзиниот суверенитет, се залагаше за воспоставување на специјален јавен обвинител (Катица Јанева), која не само што илегално се меша во политиката, туку и ги рекетира луѓето.
– Денеска во „Ла верита“ само првиот дел од мојата приказна за еден мафијашки систем кој работи директно под контрола на високопоставени политичари! Оние политичари, посакувани од ЕУ и од Сорос. Македонија има голем проблем на својот пат кон ЕУ… И ЕУ исто така! Могерини и Јункер се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување сѐ што е против нормалното владеење на правото, право толку гласно претендирано од Брисел! Во следните неколку денови ќе објавиме шокирачки документи кои искрено се надевам дека ќе и помогнат на Македонија да си го најде својот пат кон функционална демократија. – се вели во статусот на Гајзер.