Македонија 20. октомври 2020. / 08:17

Нови протести со возила на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во шест други градови

Нови протести со возила на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во шест други градови

ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протести во повеќе градови во државата против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Ќе се протестира со возила во Скопје, Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип и во Битола со почеток во 18.30 часот.

Протестот со возила на територијата на град Скопје ќе почне од СЦ „Јане Сандански“, па сè до Владата на Република Македонија.

„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која го прикрива стравот од казната што им следува од народот. Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност. СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава, во која ќе владеат законите еднакво за сите“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да му се приклучат на протестот.