Новинарот Бранко Героски, како што вети, во колумна за ПлусИнфо, објави ново продолжение за подвизите на рекетарската банда на актуелната власт.
Георски пишува настанало промена во играта на медиумско-партиската рекетарска група. Тој посочи дека Кики ја изгуби позицијата во партијата. Според него, проектот за изградба на објекти од областа на социјалните грижи во општините е проект за собирање на кајмакот од општинските каси, а сега се испитува кои градоначалници наседале на него.
Во приказната на Героски има и нов лик. Се работи за Лики, стара другарка на Коки. Тој вели дека сепак, главниот и најопасен соработник на Кики е Фрики, која има формална блискост со „империјата“ на Коки.
Героски се сомнева дека Фрики заедно и Коки, имале неуспешен обид да изнудат голема сума на пари од наш мобилен оператор.
– Има сомневање дека Фрики била партнерка на Коки и при еден негов неуспешен обид да изнуди голема сума пари (за 1 милион евра станува збор, велат некои) од еден наш мобилен оператор. Оваа компанија веќе се рекламирала во медиумот на Кокичето наше, но за релативно пристојна, да не речам скромна сума. Како што е и ред, во овие тешки времиња. Но, царот на рекетот не бил задоволен и се обидел да го убеди директорот на компанијата да влезе во неговиот медиум со големи пари. Во таа операција на убедување наводно учествувала и Фрики. – пишува Героски.
Инаку Фрики, како што пишува новинарот, е предметна истрага што пред три недели е започната во ЕУ, а покрај неа се и Коки, веќе споменуваниот владин советник Баки, една соработничка на Коки и веќе жртвуваниот Кики.
– Дека Фрики, покрај Коки, можеби е клучен актер во потфатите, зборува и фактот дека и таа е предмет на една истрага што пред три недели е започната во ЕУ, а покрај Коки, веќе споменуваниот владин советник Баки, една соработничка на Коки и веќе жртвуваниот Кики, под лупа е и Фрики. Ако сум добро информиран, за оваа истрага е запозната и Антикорупциската комисија, или барем некои луѓе од оваа комисија. Некои велат дека поради ова Фрики веќе се подготвува да го напушти бродот што тоне, дури има време, ако воопшто има… – пишува Героски.
Целата колумна прочитајте ја ТУКА.