Македонија 18. јуни 2020. / 22:09

Нов скандал со фотографии: Бочварски и Каевски им ветуваат на штипјани базен со украдена фотографија од американско училиште!

Нов скандал со фотографии: Бочварски и Каевски им ветуваат на штипјани базен со украдена фотографија од американско училиште!

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт се обидоа да ги изманипулираат штипјани. Тие најавија изградба на современ затворен базен за пливање, но со фотографија преземена од Американско интернационално училиште, пишува „Курир“.

Скандалот да биде уште поголем Бочварски на Фејсбук пишува дека исклучително е задоволен од проектот кој е украден.

Исклучително сум задоволен затоа што како никогаш досега, градиме капитални проекти за граѓаните, а градот бележи вистински развој.
Во Штип со засилена динамика се гради затворениот базен во Срц “Суитлак” , напиша Бочварски.

 

Директорот на Агенцијата Дарко Каевски исто така се пофали со фотографијата за која јавноста увиде дека е украдена како и за претходните срамни фотографии за проектот „Дома си е дома“.

Штип добива современ затворен пливачки базен!
Модерен изглед согласно современи стандарди, адаптиран комплетно за потребите на учениците, рекреативците и спортистите.
Вака ќе изгледа пливачкиот базен кој се гради во спортската зона Суитлак, пишува Каевски.