Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски порача дека е многу важно секој граѓанин целосно да ги почитува мерките, препораките и задолженијата од надлежните институции. На тој начин, додава тој, сите го даваме придонесот за заштита на здравјето.
Информираше дека СДСМ како одговорна и сериозна партија низ општинските структури создала мрежа од млади волонтери, кои не се во ниту една ризична група, спремни својот волонтерски ангажман да им го стават на располагање на институциите.
-Ја информирам јавноста дека сите наши волонтери низ целата држава ги ставаме на располагање на надлежните институции кои имаат потреба од волонтери, како Црвениот крст, општинските сервиси но и секоја друга институција на која сега или во иднина ќе и биде потребно, вели Николовски.
Порача институциите да проценат каде и за што има потреба и на каков начин ќе им се помага на граѓаните.
-Заедно сме сплотени во маката, но и заедно ќе излеземе од неа како победници, порача Николовски.