По завршениот состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и пратеници, беше донесена одлука за нова декларација за поддршка на раководствосто на СДСМ и власта, во насока на тоа да продолжи бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата за сите предмети и за јакнење на правната држава.
– Последните случувања покажуваат дека постои целосен заштитен механизам што функционира на релација граѓани-МВР–Обвинителство што може да се справи со крининал и корупција, а сите се еднакви пред законот – изјави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.
Во однос на функционерите за кои има сомнежи во јавноста дека се вмешани во рекет, Николовски посочи дека е потребна темелна истрага за целосна борба против криминалот и корупцијата.
На прашање дали на состанокот биле присутни функционерите со псевдоними Кики и Фрики, кои се споменуваат дека се замешани во случајот, Николовски не сакаше конкретно да одговори, потенцирајќи дека состанокот се одржал во проширен состав и дека биле присутни повеќе пратеници, министри, градоначалници и членови на Централниот Одбор.
Во поглед на утрешната лидерска средба, генералниот секретар на партијата рече дека ќе се одржи и дека ќе се разговара за пописот, СЈО и изборниот законик.
Како што кажа Николовски, на Централниот одбор на СДСМ не станало збор за предвремени избори.