Македонија 23. декември 2019. / 20:32

Николовски: Организиравме над 30 трибини кои масовно беа посетени од граѓаните

Николовски: Организиравме над 30 трибини кои масовно беа посетени од граѓаните

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешото интервју Топ Тема на Телма телевизија вели дека СДСМ работи интензивно и дека сите структури во овој период се на терен и дека разговараат со граѓаните за нивните потреби.

-СДСМ интензивно е на терен, работиме на терен, сите наши структури во овој период, од летото навака се на терен. Организиравме над 30 трибини кои масовно беа посетени од граѓаните. 6,000 наши тимови се на врата до врата за да разговараат со граѓаните, потребите, критиките и за креирањето на нашата нова програма. Да ги сочекаме рејтинзите и од денешната објавена анкета и ќе видиме точно што мислат граѓаните. Граѓаните не сакаат блокади и опструкции како што ги најавува Мицкоски туку сакаат да продолжиме напред – рече Николовски.