Македонија 14. декември 2019. / 11:37

Николоски: Индикативно е зошто МВР и ЈО молчат за скандалот во ТЕ-ТО вреден 200 милиони

Николоски: Индикативно е зошто МВР и ЈО молчат за скандалот во ТЕ-ТО вреден 200 милиони

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со скандалот вреден 200 милиони во ТЕ-ТО рече дека тоа што ги загрижува е дека има инволвираност на највисоките луѓе од власта, а Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство молчат.

Николовски рече дека индикативен е судирот на интерес на потпретседателот на владата кој што тргувал со електрична енергија заедно со оваа компанија, а најиндикативно е што на вака изнесени факти и аргументи во јавноста се уште нема никаква реакција ниту од Министерството за внатрешни работи ниту од Јавното обинителство.

– Ги повикуваме да постапат соодветно на законските надлежности кои што ги имаат затоа што за две до три недели ќе има промени во Министерството за внатрешни и ќе може да се види што се прикривало, а што се работело, рече Николоски.

Ниеден криминал не останал скриен, нема ни овој да остане скриен и треба во корист на граѓаните да постапат институциите со цел да се разреши, рече Николоски и додаде дека имаме даночна енвазија и исто така имаме загрозување на поголемиот дел од Скопје кој што практично добива топлинска енергија од компаниите поврзани со оваа компанија.