Македонија 14. декември 2020. / 20:32

Николоски: Заев на Борисов му ветил рудник, телевизија, акции во мобилен оператор, банка, користење на оптички кабел

Николоски: Заев на Борисов му ветил рудник, телевизија, акции во мобилен оператор, банка, користење на оптички кабел

Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во еден рудник во  Македонија, гледате се случи во Иловица која што магично додека беше канадски капитал не можеше да добие дозвола за работа, ама од како влезе бугарски капитал  добива дозвола за работа , наеднаш Вишиот управен суд пресуди во нивна корист, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ , Николовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Јас сум носител во четвртата изборна единица , остро се спротивставувам на отварање рудник таму , затоа што  ќе ја уништи целокупната околина, Тоа го ветив и јас, го вети и Заев , ама тој не си го држи зборот, кажа Николоски.

Значи прво ветил рудник, второ ветил една национална  телевизија , трето ветил акции во еден мобилен оператор, четврто ветил банка и петто ветил  слободно користење на оптички кабел на една државна компанија .. Оптички кабел може да се користи за пренос на интернет , за пренос за сигнал и други активности. Една голема државна компанија има инфраструктура низ целата држава со таков оптички кабел и било ветено дека ќе биде дадена на користење преку нивна компанија. Јас ова не сум го ветил,. Ова го ветил Зоран Заев на Бојко Борисов, изјави Николоски