По денешното судење на кое Зоран Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета, Николоски даде изјава пред судот.
Зоран Заев се брани изјавувајќи дека тој самиот го пријавил случајот „Рекет“, но Николоски тврди дека сепак постојат многумина сторители на кривични дела коишто за да се заштитат себеси сами го пријавуваат случајот.
-Ако зборуваме правно, постојат бројни сторители на кривични дела коишто обидувајќи се да се заштитат себеси самите пријавуваат. Луѓе коишто малце пратат право знаат дека постојат бројни случаи кадешто сторителот на кривичното дело го пријавил, со цел мислејќи дека на тој начин ќе се ослободи себе од одговорност и од вина. Сепак во подоцнешниот процес, или некогаш и после многу години се докажува дека во суштина тој е сторител на кривичното дело, вели Николоски.
Тој смета дека вистината за сторителот ќе се докаже во нареден период.
-Мислам дека времето ќе покаже дека пријавителот на кривичното дело, под услов да е точно, а досега не видовме кредибилен точен доказ дека навистина тој го пријавил случајот Рекет. Јас верувам дека во следниот период ќе се докаже дека е сторил во истиот случај, додаде тој.