Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакнува дека е жртва на лажни вести што Зоран Заев ги нарачал од свои бликси луѓе и медиуми.
Како што вели Николоски, таквата црна кампања на лажни вести, поттикната од Заев само ќе се засилува како ќе се приближуваат изборите и тоа го отсликува стравот што Заев го чувствува од пораз.
Сепак, како што потенцира Николоски, тоа нема да биде пречка за Заев да биде поразен на изборите.
– Зоран Заев е сериозно уплашен па потрча помош да бара од фабриката за креирање лажни вести. Свесен сум дека следниве месец дена ќе бидам мета на најцрната кампања видена до сега, што би рекол Оливер Спасовски. Дечки од Бихачка, ајде потурдете се, можете подобро за тоа што ве плаќаат.
Зоран Заев ќе те победам на 12ти април! Вице го прикажаа на снимки со обвинети во „Рекет“, a богами и тебе.Како беше она – Кој си ја ишка мувата од капата? – порача Николоски.