Политичката кариера на Зоран Заев се темели на две клучни ветувања. Првото е „Живот за сите“, а второто е интеграцијата на Македонија во ЕУ, и во двете неуспеа, порача на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Говорејќи за неуспесите на vвласта под Заев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ветувањето „Живот за сите“ не се случува бидејќи Македонија во последните четири години е задолжена преку 2 милјарди евра, а 455 илјади граѓани живејат со под две евра дневно.
Во врска со второто ветување на Заев за Европската унија Николоски рече дека после четири години, за жал, завршува со целосно фијаск.
-Ова не го констатирам со радост, туку со огромна жал за сите граѓани на кои овој човек им потроши четири години од нивните животи ветувајќи дека нешто ќе дојде, а тоа никако да дојде. Четири години лажни ветувања, дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговри со ЕУ. Четири години, Заев и неговиот тим ветуваат дека ќе почнат преговори, но никако да кажат на кој датум ќе почнат преговорите, рече Николоски.
Давајќи ретроспектива на сето што се случувало во тој период, Николоски потврди дека точно е дека Македонија има огромен проблем во противењето на Бугарија за отворање на преговори со Европската унија, но исто така, додава Николоски, дека е точно дека тоа само е дел од проблемот, а другиот дел од проблемот е неиспорачувањето на реформи и во делот на борба со организираниот криминал и корупција.
-Владата предводена од Заев во 2017 и 2018 година требаше да реализира сет на реформи од т.н план 369. Степенот на тие реформи беше само 40%. Паралелно со тоа, некаде во апрли месец 2018 година апелирав апелирав да не се прави грешка и да не се прават договори позади завеса за влегување на Македонија во иста група со Албанија. Тоа за жал се случи и во јуни 2018-та, Македонија не доби датум за почеток на преговори со Европската Унија затоа што немаше доволен степен на реформи и влезе во иста група со Албанија, потенцира Николоски.
Тој потсети дека Европската Унија даде три услови коишто требаше да се реализираат до јуни 2019-та: Реформи во администрацијата, реформи во безбедносните служби и борба со организираниот криминал и корупција. Во Јуни 2019та година, владата на Заев не испорача во однос на овие три прашања.
-Реформи во администрацијата немаше, реформи во безбедносните служби благодарение на ВМРО-ДПМНЕ се случија, но само на хартија, а не и во пракса, а за борба со организиран криминал и корупција, не сакам ни да зборувам. Во јуни 2019-та, Македонија повторно не доби датум за почеток на преговори со Европската Унија. И тогаш проблем не беше противењето на Бугарија, тогаш проблем беше рекетот, криминалот и корупцијата, затоа што некаде од Април месец, почна да се слуша за случајот рекет во којшто врвот на власта рекетираше бизнисмени во Македонија, истакна Николоски.
Понатаму, вели тој, истото се одложи за октомври 2019-та со барање за да се реализираат реформи, но наместо да се реализираат реформите, се случи дополнително фијаско во борбата со организираниот криминал и корупција, кога власта се обиде да го заштити врвот на криминалната пирамида во случајот Рекет и се договори само „ситните риби“ да одговараат во истиот. Тоа беше вели Николоски причина и во октомври 2019-та Македонија да не добие датум за почеток на преговори со ЕУ, затоа што премиери и претседатели на земјите членки на Европската Унија не сакаа да седат на иста маса со корумпиран човек.
-После сиот овој сплет на околности, кога нашиот источен сосед Бугарија виде, дека Македонија не напредува во делот на реформи и борба со организиран криминал и корупција, реши да ги постави своите позиции. Така, бугарското собрание во октомври 2019-та усвои заедничка позиција на сите политички партии во однос на условите кои Македонија треба да ги исполни за влез во Европската Унија, услови кои се спротивни на интересите на македонскиот народ и кои го задираат македонскиот јазик и македонската посебност, рече Николоски.
Уште тогаш, додава тој, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди да се направи средба помеѓу клучните политички фактори во земјата и слична декларација со македонски позиции, да се усвојат од македонското Собрание како би можело Македонија со консензус да ги постави своите позиции. За жал, истото било одвиено.
Николоски обвини дека Власта се обидела да го сокрие документот од март 2020 кога Бугарија успеала позициите, како објаснувачки меморандум, да ги направи составен дел на одлуката на ЕУ по однос на почетокот на преговори на Македонија.
Две недели го криеја документот, за потоа да биде откриен од медиумите и да биде презентиран од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш јавно повикавме на лидерска средба на која што заеднички ќе заземеме став и ќе одговориме на овие позиции и предупредивме дека доколку тоа не го направиме последиците ќе бидат далекусежни и Македонија нема да ги добие преговорите со ЕУ. За жал тоа наше барање се одби, а власта продолжи сама да ги води процесите. И еве сме во ноември, скоро на крајот на 2020 година, Македонија е соочена со блокада во однос на почетокот на преговори со ЕУ, потенцира Николоски.
Оваа хронологија, вели Николоски, покажува дека владата предводена од Заев нема ниту волја, ниту капацитет да направи реформи, да се бори со организираниот криминал и корупција, а уште помалце знае да ги решава отворените прашања затоа што единствената политика која ја знаае е политика национални отстапки, национално понижување и национални предаства.
-Затоа, ден поскоро, час поскоро, треба да заминат. Зоран Заев и оваа Влада да поднесат оставка и да се формира Влада на национален спас која што ќе даде одговори на оваа голема криза во која што се наоѓа Македонија. Криза во однос на блокирањето на интегративниот пат, но исто така и здравствената и економска криза со корона вирусот, апелира Николоски.