Зоран Заев да поднесе оставка и да се формира Влада за национален спас, која што ќе даде одговори на оваа голема криза во која што се наоѓа Македонија, апелираше денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Потенцираше дека оваа Влада нема ниту волја, ниту капацитет, да направи реформи, да се бори со организираниот криминал и корупција, а уште помалку знае да ги решава отворените прашања, затоа што единствената политка која што ја знаат е политика национални отстапки, национално понижување и на национални предаства.
– Четири години лажни ветувања дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Заев и неговиот тим ветуваат дека ќе почнат преговори, ама никако да кажат на кој датум ќе почнат преговорите за членство во ЕУ. Четири години немаме одговор на едноставното прашање кое што го поставува ВМРО-ДПМНЕ кој е датумот на кој што ќе почнат преговорите со ЕУ. Влада, предводена од Заев нема ниту волја, ниту капацитет да направи реформи, да се бори со организираниот криминал и корупција, а уште помалку знае да ги решава отворените прашања. Затоа што единствената политика која што ја знаат, е политика на национални отстапки, на национално понижување и на национални предавства. Затоа ден поскоро, час поскоро треба да заминат! Зоран Заев и оваа Влада да поднесат оставка и да се формира Влада на национален спас, која што ќе даде одговори на оваа голема криза во која што се наоѓа Македонија. Криза во однос на блокадата на евроинтегративниот пат, но исто така здравствена и економска криза со корона вирусот, рече Николоски.