Македонија 12. септември 2018. / 20:06

Николоски: Време е да го слушнеме народот – веќе 27 години некој му кажува што да прави

Николоски: Време е да го слушнеме народот – веќе 27 години некој му кажува што да прави

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување на Алфа телевизија, нагласи дека време е граѓаните индивидуално да одлучат како ќе гласаат или дали ќе излезат на гласање на 30 септември, на денот на референдумот.

„Ние како десничарска партија, како партија од народот, силно сакаме да го поттикнеме индивидуализмот, односно да оставиме на граѓаните тие да ги носат клучните одлуки“, рече Николоски.

Тој истакна дека веќе 27 години, во Македонија секогаш има некој кој на народот му кажува што да прави, најчесто спротивно на волјата на македонскиот народ.

„Колективистичкиот пристап на носење на одлуки, ја донесе Македонија до бездна. Ние имаме друга филозофија. Ние сметаме дека како демократска партија, ние треба да го слушаме народот, а не народот да не слуша нас, затоа што нас не бира народ и ние го претставуваме народот. Спротивно на тоа е поставување на надменост над народот. Поставување на една сина крв, на едно кралевско однесување, кое што нема место ниту меѓу Македонците, ниту во Република Македонија“, изјави Николоски и додаде дека политичари кои што 27 години во Македонија му кажуваа што да прави на народот, секогаш му кажуваа погрешно.

Николоски рече дека народот знае дека се работи за личен интерес на политичарите, па затоа ВМРО-ДПМНЕ им порачува на граѓаните дека индивидуално треба да ја донесат одлуката за референдумот.