Македонија 12. ноември 2020. / 12:39

Николоски: Власта лошо се справува со корона-кризата, затоа бараме формирање на експертска комисија чии одлуки ќе бидат задолжителни

Николоски: Власта лошо се справува со корона-кризата, затоа бараме формирање на експертска комисија чии одлуки ќе бидат задолжителни

Потпретседатаелот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание, Александар Николоски, утрово во „Студио 10“ во Телевизија 24, а во врска со КОВИД-19 кризата, рече дека ВМРО-ДПМНЕ наспроти лошото справување на власта со кризата денеска ќе се предложат нови измени на Законот за заразни болести, со кои ако власта прифати ќе се формира експертска комисија чии одлуки ќе бидат задолжителни.

-Ако го гледаме процесот на справување со КОВИД-19 кризата некаде од март годинава гледаме дека правилата кои важат за модерниот свет во Македонија не се случи, затоа што таа крива во Македонија никогаш не се случи, имаше варирање на бројките, што може да се објасни само со еден збор а тоа е стихија, односно кога не го контролирате процесот се случува стихија како што се случува сега, вели Николоски.

Тој истакна дека вториот проблематичен дел е високата смртност која која што за жал исфрла еден друг проблем, а тоа е здравствениот систем во Македонија, во делот на човечки потенцијал Македонија не е лоша и честитам на сите кои се борат против коронавирусот, но во делот протоколи, апаратура, во делот на соодветни лекарства и примена на истите, дупките во системот кои се создаваат 30 години наназад сега излегоа на виделина.

Николоски вели исто така дека кога десетици илјади семејства имаа проблеми тоа е национална трагедија и гледаме дека системот еродирал, а главната забелешка е дека не се искористи целиот потенцијал и се пристапи политички, така кога требаше да се одложуваат изборите во ситуација кога имаше по 30-тина заболени, тогаш се пристапи со драстични мерки, а сега со вакви бројки не се преземаат истите мерки, тогаш имаше еден, двајца починати сега има по 30-тина починати.

Мерките во ниту еден случај не треба да бидат политички мотивирани, како воведувањето на карантин околу Велигден годинава, а сега е политички мотивирано да не се воведува карантин, дел од мерките се мотивирани и од економското фијаско ќе ни се случува, а и недостатокот од конзистентност во воведувањето на мерки е исто проблем, дополни Николоски.

-Денеска правиме втор обид по првиот неуспешен обид кој власта го одби, да ставиме на дневен ред во собранието измени на Законот за заразни болести каде ќе се формира една поширока експертска комисија која ќе треба да се справи со КОВИД кризата, вели тој.

Тој посочи дека ваквото законско решение треба да ги вклучи најдобрите експерти од медицинскиот факултет и експерти од најдобрите болници во Македонија, за подобро справување со корона кризата, како и она што тие ќе го усвојат да не треба да биде одобрувано од министерството за здравство, и тоа што таа комисија ќе го донесе да биде задолжително.