Македонија 08. мај 2020. / 23:00

Николоски: Владата на СДСМ ги лажeше граѓаните кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и Грција

Николоски: Владата на СДСМ ги лажeше граѓаните кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и Грција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Николоски, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ истакна дека Владата на СДСМ ја лажела македонската јавност кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и Грција дека таму има заштитна клаузула и механизам со кој ќе се натера другата страна да го почитува договорот.

Ова значи дека македонската држава и натаму може да биде мета на уцени од страна на соседите и покрај тврдењето на власта дека се решени сите отворени прашања – изјави Николоски.

Тој потенцира дека во моментов Македонија се соочува со нова блокада од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, а Македонците се уценети да се откажат од својот јазик и историја за да станат дел ое Европската Унија, благодарение на политките на Заев и СДСМ.

Реалноста е дека вистината на крај излегува на виделина, а тоа е дека македонската јавност не добила правилна информација во моментите кога беа потпишувани договороите со Бугарија и со Грција затоа што тогаш беше кажано дека билатералните спорови со соседите Македонија ги надминала, говорам за Заев и за Димитров. Дека гради пријателства и дека веќе нема проблеми со соседите, за да видиме денес дека времето ги демантира и тоа е тоа кога ја ставате главата во песок или ѓубрето под тепих, не можете да избегате од таа работа. За мене се уште е нејасно зошто Владата го криеше документот кој што беше презентиран од страна на ЕУ, а беше како реакција на Бугарија. Ништо не останува скриено во овој свет, а најмалку еден таков документ. Уште е нејасно зошто се обидоа да го скријат – вели Николоски