Македонија 05. јануари 2021. / 10:56

Николоски: Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупцијата во Македонија

Николоски: Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупцијата во Македонија

Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупцијата во Македонија. Што силно ги руши темелите на државата, од морални вредности до систем, вели интервјуто во радио емисијата „Утро со Златев“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него, директна последица на „Рекет“ е енормниот пораст на корупција на сите нивоа затоа што не само страв, туку вели се изгуби секаква почит во државата. Николоски потенцира дека расчистувањето со корупцијата и одговорност за криминалците ќе има доколку се има јасна политичка волја.

-Гледаме дека скапува целиот систем во Македонија од корупција. Ја има од најниска до највисока. Затоа што било кој службеник на шалтер си вели зошто на странката која што доаѓа да не и побарам 100 грама кафе кога може премиерот на државата да бара милиони. Што секако, мора да запре со јасна политичка волја, расчистување со корупцијата и криминалците да одговараат, потенцира Николоски.

Во однос на Бугарија, Николоски вели дека е најголемото национално понижување што Македонија го видела. Што повторно ги демотивира и депримира граѓаните затоа што си велат ај живееме во држава што е корумпирана туку живееме и во држава што е национално обезличена и голем дел од нив решаваат да ги спакуваат куферите и да заминат во еден правец.

-Наместо убавиот европски сон кој што го продаваше Зоран Заев доаѓаме до грдата Заева реалност, а тоа е држава на медиокритети, на корумпирана клика на врвот на власта и држава од која луѓето домаќини сакаат да си заминат., ден поскоро – час поскоро и на тоа мора да се стави крај. Преговараат за работи кои нормален човек не би помислил да разговара, рече Николоски.

Тоа вели на што е особено горд е што во месеците ноември и декември минатата година се случи масовно движење и покрај корона пандемијата лужето најдоа начин да го изразат својот револт и дека тоа не е направено само членови на ВМРО-ДПМНЕ туку тоа го направила една поширока општествена маса. И токму поради тоа премиерот Зоран Заев не го потпишал анкес договорот со Бугарија којшто ќе значеше целосно распарчување на Македонија.