Македонија 25. ноември 2019. / 20:44

Николоски: СЈО практично биле финансиери на СДСМ

Николоски: СЈО практично биле финансиери на СДСМ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА ТВ истакна дека постои спрега меѓу Зоран Заев, СДСМ и СЈО и дека СЈО немаше цел да го направи она за што е формирано, а тоа е да открие кој прислушкуваше и да го гони високиот криминал во државата, туку имаше за цел да врши прогон на политичките неистомисленици на СДСМ.

Деновиве гледаме дека улогата на СЈО малце се зголемила, па СЈО станало главен финансиер на СДСМ, односно гледаме дека врвните функционери на СДСМ, директори на полиција, директори на алфи, на финансиска полиција, советници на министри, синови и ќерки на директори на катастар итн. земале басностовни суми како хонорари што значи дека СЈО директно го финансирал СДСМ – посочи Николоски.

Тој наведе и дека спрегата помеѓу СЈО и СДСМ докажува дека Македонија имаше неправда а не правда во овие години со СЈО, што целосно ја уништи идејата на тоа обвинителство.