Македонија 05. септември 2019. / 14:41

Николоски: Сите дипломати утре ќе бидат информирани за притисокот што го врши власта врз опозицијата

Николоски: Сите дипломати утре ќе бидат информирани за притисокот што го врши власта врз опозицијата

На денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека за притисокот што го врши власта врз опозицијата, да се заплаши слободното мислење на медиумите, во текот на утрешниот ден ќе бидат информирани сите дипломати на државата.

Наместо мене да ме тужи на суд, мислам дека е добро да се пријави во обвинителство за да даде исказ за „Рекет“. – рече вториот човек на опозицијата.

Николоски праша кој во земјава верува дека Боки 13 самиот рекетирал и оти бизнисмените сами му ги давале парите.

Денар немаше да му дадат, а не тешки милиони, ако зад него не стојат највисоите структури на власта. Инаку, во писмото Зоран Заев не демантира дека се изрекетирани преку 20 милиони евра, ниту дека се изрекетирани повеќе бизнисмени. Со тоа ги потврдува нашите сознанија дека рекетот е многу подлабок отколку што се знае во јавноста. Тој само спори дека тој ја координирал таа акција. За таа работа ќе се видиме со Зоран на суд, а исто како и против Вице, самиот ќе се бранам – истакна Николоски.