Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски, како најодговорни за армијата, ја донеле Македонија пред нов срам.
Николоски се повикува на текстот објавен на порталот МКД.мк, каде е објавено дека не само двајца, туку и четири други високи припадници на Армијата на Република Македонија, не успеале да го добијат безбедносниот сертификат од НАТО.
Тој упати прашање до министерката Шекеринска и претседателот Пендаровски, да одговорат за тоа со кои странски служби комуницирале и за кого шпионирале овие лица.
Македонија пред нов срам!
Откако стана члена на НАТО мора да се направи проверка на сите високи старешини во АРМ. Од…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Saturday, January 23, 2021