Македонија 08. април 2020. / 11:35

Николоски: Се доцни со мерките затоа што владата на СДСМ ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по три недели

Николоски: Се доцни со мерките затоа што владата на СДСМ ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по три недели

Најголем дел од одулките кои се носат за ситуацијава произлезена од корона вирусот се политички, иако власта сака да претстави дека е поинаку. Факт е дека одлуките ги носат политичари, одлуката да се воведе вонредна, а не кризна состојба како што баравме е политика одлука.

Одлуката да се набават и респиратори и притоа да се обиде да се профитира од тоа тие респиратори покрај политичка, таа е и е и криминална. Се надевам оваа ситуација побрзо ќе се надмине и кога ќе помине сето ова и ќе се одговара за тоа, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Заспиј ако можеш.

Според него „она што власта сака да го наметне дека сега не е време за политика не можам да се согласам целосно, зошто одлуките се политички, а тој наратив го користат тие што не можат да се справат со ситуацијата“.

Секогаш главните алатки се кај власта, опозицијата може да дава предлози, а тие треба да бидат разгледани. За жал гледаме целосно одбивање на предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, а најчесто по две до три недели се прифаќаат. Мислам дека тоа го прават од суета и затоа на почеток ги одбиваат. Потоа гледаме како потоа се спроведуваат, но работата е што сме изгубиле време, животи, посочи Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека тоа што го прави партијата не го прави ниту една опозиција, а тоа е дека се ставени на располагање два тима, здравствен и економски.

Николоски додаде дека без разлика што се опозиција тоа не ги спречува да се борат Македонија да добие помош за време на пандемија од коронавирус. И дека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди  помош за Македонија од Унгарија и Словенија на нивно барање и дека се бара помош и од други  држави кои имаат премиери од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ кои се од Европската народна партија.