Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, гостуваат на телевизија 24.
Димитров изрази оптимизам за добивање на датум за преговори во октомври. Тој нагласи дека по турнејата низ европските метрополи, нема никаков сомнеж дека Македонија ќе ги започне предпристапните преговори за влез во ЕУ. Според Димитров аферата „Рекет“ не претставува пречка, бидејќи наводно, процесот се водел на демократски начин. За да се зацврсти сигурното добивање на зелено светло, Димитров нагласи дека треба да се донесе закон за Јавно обвинителство, но не било каков.
Николоски истакна дека ќе биде добро Европскиот совет да даде зелено светло за почеток на преговорите и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ прави се за тоа да се случи. Според него, за жал, сме далеку од почеток за преговорите за членство во ЕУ, иако Владата тоа го ветуваше. Николоски кажа дека корупцијата е влезена во скоро сите пори во власта, па така оваа Влада не може да е кредибилен партнер на ЕУ. Николоски кажа дека со ваквото однесување на Владата има резерва за зелено светло.