Одговорноста во Македонија во однос на корона-кризата има име и презиме и се вика Зоран Заев и апсолутно најнеспособниот, најнеуспешниот министер за здравство, Венко Филипче, рече во гостување на Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој потсети дека пред да почне кризата Венко Филипче беше министер со најнизок рејтинг во Владата на Зоран Заев, за преку корона-кризата, преку, како што вели, една скапо платена ПР кампања, која што е платена од Буџетот да проба да влезе во секој дом и да го поправи имиџот коцкајќи се дека корона-кризата ќе трае кратко.
Јавноста беше убедувана дека ќе има вкупно 2 илјади заболени во Македонија, во моментов, за жал, во Македонија бројката се движи кон 2 илјади починати лица. Тоа се 2 илјади семејства завиени во црно. Тоа се 2 илјади семејства кои што се навредени од односот на Заев и Филипче. Тоа се 2 илјади семејства кои што се надеваа во Заев и Филипче кои што му аплаудираа на Филипче од балконите, но сега, за жал, се завиени во црно и имаат празни домови, изгубиле најблиски луѓе и нив не им значи ништо пропагандната машинерија која што ја употребува власта, рече Николоски.