Македонија 09. септември 2019. / 19:09

Николоски од Брисел: Информиравме за „Рекет“, за скандалите и економското уназадување на Македонија

Николоски од Брисел: Информиравме за „Рекет“, за скандалите и економското уназадување на Македонија

Во рамки на посетата на Брисел и на Парламентарното Собрание на Европската Народна Партија остваривме бројни средби, пред се со раководството на ЕПП, со претседателот на Жозеф Дол кои што ги информиравме за актуелните случувања во Македонија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој додаде дека информирале за аферата „Рекет“, за корупциските скандали, за економското уназадување на Македонија, како и за обидите на власта да ги сокрие овие скандали. Разговаравме и за неопходноста за брзи предвремени избори на кои што граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт.

Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел, рече Николоски и додаде дека за истото ги информирале и претсавниците на Европската Комисија со кои што имавме денес средби, а во текот на утрешниот ден и ќе ги информираат преставниците на Европскиот Парламент.

Николоски посочи дека во Европскиот Парламент има нов состав, многу нови пратеници и ќе се обидеме со неколку од нив, со најзначајните од најзначајните земји да поразговараме утре.

Иднината на Република Македонија е во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ може да го постигне тоа, но за тоа треба Владата на Заев да замине час поскоро. И тука се обидуваме да ја добиеме поддршката во Брисел. Се надеваме дека европските народни партии како и останатите ќе застанат позади прогресот на Македонија – рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.