Очајот на власта во заминување на дело! Насилнички 3 години владеат, насилнички се обидуваат да останат на власт, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук.
Ниедна закана нити напад нема да не поколеба. Нападот врз семејниот имот на Владо Мисајловски не прави само помотивирани сите да ве пратиме на темните страни на историјата и да одговарате за сите злодела. Одговорност ќе има! Владо брат поддршка и заедно ќе ја направиме Македонија функционална правна држава во која ќе има ред и во која чесните ќе работат, а криминалците ќе одговараат!, напиша Николоски.