Македонија 04. јуни 2019. / 14:34

Николоски, Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Хан

Николоски, Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Хан

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ составена од Потпретседателот Александар Николоски, членот на извршниот комитет Влатко Ѓорчев и Меѓународниот Секретар Тимчо Муцунски присуствува на Политичкото Собрание на Европската Народна партија.

На Политичкото Собрание тие остварија средба со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Се работи за прв состанок на Политичкото Собрание на ЕНП после изборите за Европскиот парламент. На него се анализираа резултатите од изборите и ќе се заземе стратегија за дејствуањето на ЕНП во однос на формирањето на Европската Комисија и креирањето на европската политика во следниот петгодишен период.