Ако ја прифатиме логиката на државата дека Сашо Мијалков бил во Скопје, логично прашање е каде бил во градов, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од собраниската гоорница на денешната седница за пратенички прашања.
– Заев самиот кажа дека ја координирал акцијата за обезбедување на бегалецот од правдата, а тој вели дека бил во изолација, па самиот се пријавил. Имам една дилема, според Владата, тој бил во Скопје, а според наши информации ја напуштил државата на север и се вратил. Ако не бил пронајден во неговиот дом, прашање е каде бил доколку бил во Скопје, дали е лоцирана куќата или станот каде што бил и, ако е лоциран, зошто не е извршен претрес? Доколку не бил во Скопје, а мислам дека не бил, логично прашање е како се врати во државата, имајќи предвид дека нелегално ја напуштил, значи и нелегално се вратил, праша Николоски.