Македонија 26. јуни 2018. / 14:53

Николоски: Да запнеа Заев и Димитров, промена на уставното име на Македонија немаше да има

Николоски: Да запнеа Заев и Димитров, промена на уставното име на Македонија немаше да има

Јас сум убеден и имам информација дека да запнеле Заев и Димитров, промена на Уставот немаше да има. Затоа што комплетно или биле уценети од грчка страна или ја промашиле проценката. Да имавме способен премиер и министер за надворешни работи можеби пак ќе имаше договор, но тој ќе беше многу подобар од овој, изјави во емисијата „Јади Бурек“ на Телевизија Сонце, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски појасни дека според негови извори од сериозни држави, заради вештачката атмосфера која се создаваше за да не пропадат преговорите и да нема разочарувања на двете страни многу дипломати од меѓународната заедница биле спреми за извршат притисок врз Грција да не бара промена на македонскиот Устав и идентитетските прашања но истото не го сториле оти Заев и Димитров веќе се согласиле на промена.

– Како се создаваше вештачки една позитивна атмосфера на очекувања многу актери од меѓународната заедница станаа свесни дека доколку нема договор ќе има големо разочарување на двете страни и биле спремни и се организирале да вршат сериозен притисок врз Грција да прифати да нема промена на македонскиот Устав и да нема чепкање во идентитетските прашања. Но тоа не го направиле затоа што Заев и Димитров го потпишаа ова и не побарале таква работа. Еве нека ме демантираат ако не е така, вели Николоски.

Николоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се согласила со капитулантски договори кога биле нудени како сегашниот.

Во однос на меѓународната зошто досега не се занимаваше толку силно со проблемот за време на ВМРО-ДПМНЕ појаснува дека не смееме да ги заборавиме кризите на светски план како светската економска криза кога САД имаа главоболки дали ќе им опстои автомобилската индустрија и воопшто индустријата, а не да се занимаваат со Македонија и Грција, а веднаш потоа почнаа европската должничка криза, па како заврши таа почна бегалската криза.

– Овие две години за жал во моментов, а за среќа на Грција бидејќи тие искористија се први две стабилни години после 11 години на светска сцена. Клучните светски луѓе можеа да се посветат на ова. Неспособност и краен аматеризам или можеби уценетост на Заев и Димитров е што го искористија тоа во македонска полза, истакна Николоски.