Македонија 24. ноември 2020. / 19:43

Николоски: Бараме влада за национален спас која ќе се спротивстави на националните понижувања од Бугарија

Николоски: Бараме влада за национален спас која ќе се спротивстави на националните понижувања од Бугарија

Поради здравствените и економски проблеми предизвикани од корона-кризата, како и проблемот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ бара влада за национален спас која ќе успее да стави крај на истите, а тоа е можно само доколку способни луѓе ја водат владата и министерствата, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во своето гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Тв Алфа, Николоски рече дека случувањата во Македонија и проблемите со кои се соочуваме можат да се решат само доколку во процесите бидат повикани најдобрите луѓе во соодветните области, без разлика на нивната политичка профилација:

-Она што мене ме загрижува е она што и се случува на Македонија како држава. Имено, во проблемот со Бугарија и во битката со здравстениот и економскиот аспект на кризата, како два најголеми проблеми кои ги има во моментов во Македонија, не се користат најдобрите умови, не се користат најпаметните луѓе и нема една ширина кај власта да ги употреби истите. Паметни држави при вакви големи кризи, а ова за Македонија е најголема криза по осамостојувањето, ги повикуваат најдобрите луѓе кои ги имаат без разлика на политичката профилација, градат заеднички ставови и се обидуваат да се изборат. Затоа ние бараме влада за национален спас која ќе се избори од една страна со економските и здравствените последици на корона кризата, од друга страна ќе се спротистави на националните понижувања од Бугарија и ќе најде начин да го отвори патиот за интегрирање на Макдонија во Европската Унија. Тоа може само најпаметните и најспосбните да го направат со една широка општествена и политичка поддршка тоа секако го нема во оваа влада на Заев, рече Николоски во своето гостување.