Македонија 19. април 2019. / 17:28

Николоски: Aктивисти на СДСМ делат дрва за огрев низ Охрид, иако грејната сезона заврши

Николоски: Aктивисти на СДСМ делат дрва за огрев низ Охрид, иако грејната сезона заврши

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку Фејсбук објави статус и слика како пред митингот на СДСМ во Охрид, се делат дрва за огрев низ Охирд.

Денес Зоран Заев има митинг во Охрид. Пред митингот според сведоштва на граѓани т.н. активисти на СДСМ делат дрва за огрев низ Охрид, иако грејната сезона заврши… Прашувам кој ги плати овие дрва за огрев во македонски шуми и дали СДСМ го пријави тоа? Дали се свесни дека со ова грубо го кршат изборниот законик? И да им порачам дрва може да купите, но луѓе не можете! И тие на кои им ги носите овие дрва ќе ви се насмевнат, но ќе гласаат против вас! Ќе гласаат против вас затоа што сте ги довеле во мизерна економска ситуација да неможат самите да си купат дрва за огрев, па мора да чекаат на вас да дојдат избори и да ја покажете вашата ,,милост”. Ќе гласаат против вас зашто сте корумпирани! Во недела на 21ви април Македонија и Охрид го возвраќаат ударот! Гневните, заборавените и разочараните ќе го победат Заев!, напиша Николоски на Фејсбук.