„Димитров: Ние сме Македонци и ќе говориме македонски јазик“; „Димитров оптимист за резултатот од референдумот во Скопје“; „Димитров: Референдумот ќе ја одреди иднината на Македонија“; „Димитров за Договорот од Преспа: Историска можност да се затвори едно тешко прашање“.
„Димитров во ЕУ: Ќе бидеме Македонци и ќе говориме македонски јазик“; „Димитров пред европскиот парламент: Јас сум Македонец“; „Димитров: Во иднина ќе се прашуваме зошто договорот не беше постигнат на почетокот на 90те“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашното обраќање на шефот на македонската дипломатија пред членовите на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент во Брисел.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, онлајн изданијата на медиумите во Грција, во најголем дел, го презедоа текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, а акцентот го ставија како на изјавата на министерот за надворешни работи за референдумот, но и на одговорот до грчкиот евро пратеник во однос на македонскиот јазик и идентитет.