Нема договор за лидерска средба, но премиерот Заев очекува за скоро да седне на заедничка маса со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, но и со останатите политички лидери.
Изборниот законик, пописот и законот за јавното обвинителство се теми за кои ќе се прават напори да се постигне договор. Заев вели околу законот за јавно обвинителство неопходен е напредок, со цел статусот на Специјалното јавно обвинителство да биде решен до крајот на месецов.
Околу најавените измени на Изборниот законик, власта подготвена подготвена да прифати отворени листи за кандидати за пратеници со цел да се демократизира изборот на народни претставници во парламентот.
ВМРО ДПМНЕ велат течат подготовките на нивниот предлог закон за јавно обвинителство, за којшто велат, ќе биде согласно меѓународните стандарди и пракси. Секретарот за меѓународна соработка во ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вели постојат предизвици за кои треба да се разговара меѓу партиите. Заев лидерската средба ја најави пред околу еден месец, но таа досега не е реализирана.