Македонија 01. август 2019. / 13:19

Не смеете да го исвиркувате Заев на Илинден, МВР ќе ве апси

Не смеете да го исвиркувате Заев на Илинден, МВР ќе ве апси

Министерството за внатрешни работи испрати соопштение до јавноста со предупредување дека секој кој ќе скандира, свирка или реагира на начин кој според нив е несоодветен ќе биде казнет, пишува Курир.

Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата, согласно законските обврски и надлежности, ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните. Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина, се наведува во соопштението на МВР.

Се отвора прашањето: Од каква реакција на граѓаните се плаши власта?

Фактот што МВР почувствува потребата да им се закани на граѓаните дека ригорозно ќе реагира е доказ дека очекуваат реакција која нив не им одговара.

Имено, премиерот Зоран Заев утре ќе присуствува на чествувањето на празникот во Крушево. Планирано е негово обраќање на одбележувањето на Мечкин Камен. Како политичарот кој го смени уставното име на земјава ќе се обраќа на најголемиот празник и што има да порача, останува да видиме.

Сигурно е дека говорејќи за Илинден, Заев нема да ја спомне Република Македонија, туку ќе зборува за неговата Северна. Очекувано е дека дел од граѓаните ова ќе го прифатат со негодување бидејќи секој од нив кој во Крушево сака да го прослави Илинден ја слави Македонија и македонската историја. Истата таа историја за која Заев неодамна кажа дека е украдена.

Премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, говореше за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.

Во минатото со обидот да се промени и извитопери целата нашата историја, со преземањето на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи со кои сме опкружени и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО, изјави Заев.

Илинден или ден на Св. Илија — голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

Заев беше искрен по ова прашање, уште одамна, кога беше во улога на опозиционер. Тој тогаш посочи дека на СДСМ како партија не му доликува патриотизам. Кога дојде на власт тоа и го покажа.

Јавноста не го крие својот револт по овие потези на премиерот. Тоа на власта и е сосема јасно. Но, додека македонскиот народ секојдневно покажува дека Заев ја распродава земјава, МВР сака утре да ги замолчи Македонците.

Заев знае дека громогласни аплаузи и добредојде за Илинден не може да заслужи премиер кој го смени уставното име, тргува со национални интереси и вели дека крадеме историја.