Македонија 24. март 2018. / 10:21

НАШ АМАНЕТ,НАША ДОЛЖНОСТ – На 30.03.2018 год. Студентите од Штип повикуваат на марш за заштита на македонските интереси

НАШ АМАНЕТ,НАША ДОЛЖНОСТ – На 30.03.2018 год. Студентите од Штип повикуваат на марш за заштита на македонските интереси

Студентите на Универзитетот од Штип Гоце Делчев најавуваат судентска етно-културна манифестација

Студентите од Унивезитететот „Гoце Делчев“ – Штип ќе оддржат студентска етно-културена манифестација против претворањето на Македонија во двојазична држава и промената на името Македонија. Студентската етно-културена манифестација ќе се оддржи на 30ти март во 18:00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип.

Овој настан е целосно непартиски и студентите се оградуваат од политичките партии и сите останати здруженија. Оваа манифестација е организирана од студенти од сите универзитети од Република Македонија. Исто така, овој настан ќе биде и мултикултурен, а на присутните ќе им се обратат и припадници на помалите етнички заедници, кои ќе го искажат своето незадоволство од двојазичноста. На настанот ќе биде упатена јасна порака дека младите не прифаќаат промена на името Македонија и дека младите се тие кои треба да одлучуваат за иднината на оваа земја, а не политичарите.

Исто така, студентите на УГД ги повикуваат Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети да дојдат на дебата во Штип и јавно да одговараат на прашањата од студентите. Студентите порачуваат дека државата останува во рацете на младите, а не на политичарите и затоа бараат политичарите да не ја уништуваат нивната иднина преку промената на името и воведување двојазична држава.